Чувствувате мирис на риба, сулфур или изгорена храна? Овој симптом би можел да е поврзан со корона

од Stefanija Kuzmanovska
608 прегледи

Губење на мирис е еден од симптомите на коронавирус, но некои пациенти со долготраен ковид откриваат дека чувствуваат непријатен мирис неколку месеци откако се заразиле со корона.

Луѓето кои страдаат од „долг ковид“ пријавуваат силен мирис на риба, изгорена храна или сулфур.
Невообичаениот несакан ефект е познат како паросмија – што значи деформирано чувство за мирис.

Професорот Нирмал Кумар го нарече симптомот „многу чуден и многу уникатен“.

Професорот Кумар беше меѓу првите здравствени работници кои идентификуваа аносмија – губење на мирисот – како индикатор за коронавирус во март. Тој ги информираше надлежните стручни служби, кои го додадоа губењето на мирисот на списокот со симптоми кои укажуваат на инфекција со коронавирус.

Тој сега забележа дека меѓу илјадниците пациенти кои се лекуваат од долготрајна аносмија во Велика Британија, некои имаат паросмија.

„Утрово видов двајца пациенти со паросмија“, изјавил професорот Кумар за новинската агенција ПА. „Едниот рече дека може да почувствува мирис на риба наместо кој било друг мирис, а другиот рече дека чувствува мирис на изгорена храна. Двајцата се здравствени работници. Мислам дека паросмијата е зголемена кај младите, но и кај здравствените работници поради изложеност на вирусот во болниците“.

Долг ковид се јавува кај луѓе кои прележале ковид 19, но сепак ги чувствуваат симптомите на болеста со недели или месеци по заздравувањето.

Опишувајќи го како „невротропен вирус“, професорот Кумар објасни:

„Вирусот влијае на нервите на врвот на носот – тоа е како шок за вашиот нервен систем, а нервите не функционираат“.

 

 

Слични содржини