„Чувствував одвратност кон себе“: Милена Радуловиќ сведочи во постапката против Алексиќ

од Stefanija Kuzmanovska
506 прегледи

Актерката Милена Радуловиќ денеска во судската постапка против учителот по глума Мирослав Алексиќ сведочеше дека размислувала да се самоубие откако тој ја силувал.

„Се чувствував понижено, засрамено, валкано, обележано… Чувствував огромна одвратност кон себе. Не мислев дека имам избор, станав целосно рамнодушна. Одлучив да се самоубијам, знаев и како ќе го направам тоа“, навела Радуловиќ додека нејзиниот глас се кршел во судницата на Вишиот суд во Белград.

Таа е една од седумте девојки, поранешни ученички на Мирослав Мика Алексиќ, кои имаат статус на оштетени во постапката против него. Алексиќ, сопственик на приватна актерска школа, се товари за четири кривични дела силување, од кои две во продолжено траење и пет кривични дела сексуално вознемирување, исто така две во продолжено траење. Милена Радуловиќ беше првата што го пријави Алексиќ во полиција на почетокот на 2021 година, а потоа јавно упати обвиненија против него.

Таа на денешниот главен распит одговарала на прашања на одбраната поврзани со две точки од обвинението – кривични дела силувања кои се случиле на крајот на 2012 година и во април 2013 година.

Таа истакна дека силувањето се случило во кабинетот на Алексиќ како дел од студиото за глума, додека траел часот на групата во која била и Радуловиќ.

„Групата мислеше дека таму се случува нешто важно за актерството и за моите подготовки за прием на факултет. А тој таму ме силуваше“, изјави Радуловиќ.

Вториот чин на силување, според оштетената, се случил во април следната година, на час на кој присуствувала помлада група деца на возраст од пет до осум години.

Слични содржини