Трамп одлучи да не сведочи повторно во случајот за граѓанска измама

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува, пренесе АП.

Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како последен главен сведок на одбраната во случајот, кој ја загрозува неговата империја со недвижнини и го нарушува неговиот имиџ како успешен бизнисмен, соопшти агенцијата.

Слични содржини