Српки извори шират извештај на ЦИА, кој ја предупредувал администрација во Вашингтон дека зајакнување на поддршката за Албанците на Балканот може да ги втурне православните земји од немирниот полуостров кон Русија, јавува и InSerbia, повикувајќи се на публикациите во српскиот “Kurir”. КОга че се спојат руски интереси, српски мегафони и православие наспроти Албанците тука сигурно мора да биде вмечана ЦИА, велат упатените.Пакувањето би било вакво :
Поткрепено пропагандистилки со анализа на “Forin afers”, во која се наведува одлучувачката поддршка укажана од САД на Албанија, Босна и Косово, потоа се врзува нападот во Куманово , и продолжува дека ….САД продолжат да вршат безрезервна поддршка на Албанците и ако ЕУ продолжи да премолчува ги повиците за “Голема Албанија”, тоа може да доведе до формирање на Православната алијанса, се наведувало во извештајот на ЦИА.
Затоа ЦИА им понудила на американските власти да усвојат повеќе избалансиран пристап кон Балканот. Во извештајот се наведува дека е многу можно Србија, Грција, Бугарија и Македонија да формираат Православна унија.
“Американските аналитичари сметаат дека балканските земји чии територии се засегнати од проектот за” Голема Албанија “, нема да стојат кротко и да набљудуваат како Албанците ја крадат нивната територија. Покрај тоа, тие се убедени дека во исклучителни околности Србите, Грците, Бугарите и Македонците ќе се обединат во борбата против Албанците. Така Балканот може да заприлега на Блискиот Исток, што не е во ничиј интерес, вклучувајќи и на САД “, им посочил „дипломатски извор„ .
