Циклонска бомба ја погоди Америка

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Околу 200 милиони луѓе се погодени од силната арктичка бура поврзана со смртта на најмалку 12 луѓе за време на празничниот викенд.

Повеќе од 1,5 милиони луѓе останаа без струја, а илјадници летови беа откажани во петокот.

Невремето зафати огромна област од 3.200 километри – од Тексас до Квебек.

Циклонот Бомба донесе снежна бура на американско-канадската граница.

Циклон бомба е термин кој се користи за опишување на бура која брзо се засилува и воздушниот притисок опаѓа за најмалку 24 милибари за 24 часа.

Ниските температури кои предизвикуваат хаос низ Америка и Канада може да доведат до смрзнатини за само пет до десет минути, предупредуваат експертите.

„Ова не е само снежен ден како кога бевте деца, ова е сериозна работа“, рече претседателот Џозеф Бајден.

Метеоролозите велат дека студениот бран може да го донесе најстудениот Божиќ во последните децении.

Температурите во Елк Парк, Монтана паднаа на минус 45, додека градот Хел, Мичиген целосно замрзна.

Во петокот вечерта, на минус 17 степени во градот покриен со снег, Емили, шанкерка во барот Smithy Hell, изјави за Би-Би-Си: „Надвор е многу студено, но одлично се забавуваме“.

Во Јужна Дакота, домородците завеани од снег палеа облека за да се загреат откако останаа без нафта, рекоа племенските власти.

Обилни снежни врнежи беа пријавени во Пенсилванија и Мичиген. Бафало, Њујорк, очекува најмалку 89 инчи снег.

Повеќе од осум милиони луѓе ќе бидат погодени од снежната бура, според метеоролозите.

Поплави на крајбрежјето се забележани и во Нова Англија, Њујорк и Њу Џерси.

Некои жители на Сиетл и Портланд се лизгаа по ледените улици.

Имаше и неколку смртни случаи поврзани со невремето, во сообраќајна несреќа, во верижен судир на 50 автомобили загинаа двајца мотоциклисти.

Невремето предизвика и проблеми со патувањето низ државата бидејќи нема доволно оператори за чистење снег, а ниските плати се една од причините за тоа.

Повеќе од 5.600 летови се откажани, според FlightAware, додека патниците се обидуваат да се вратат дома за Божиќ.

Повеќе од милион луѓе останаа без струја во петокот, според PowerOutage.us.

NVS предупредува дека во наредните денови ќе бидат соборени сите температурни рекорди.