Грчкиот премиер Алексис Ципрас смета дека економскиот центар на планетата веќе не е Европа. Евроазиската унија стана новиот извор на економска сила и регионална интеграција.
“Ние во Европа живеевме во текот на подолго време во илузија, се смета себеси за центарот на земјата, центарот на светот и понатаму се потпираат главно на најблискиот и непосредно опкружување. Но, економскиот центар, мислам веќе се пресели, си отиде од тоа место.
Стартап силите играат се поголема и важна улога на економски и геополитички ниво “, изјави во својот говор Алексис Ципрас пред Меѓународниот економски форум, кој се одржува во Санкт Петербург.
Според него меѓународните односѕ добиваат се повеќе мултиполарен карактер. Улогата на групата G8, регионалната соработка во Азија и G20, а исто така и зајакнувањето на соработката во рамките на БРИКС се сведоштво за обновувањето на економскиот свет. Уверен во зборовите, Алексис Ципрас, изјави дека проблемите на Грција се проблеми на цела Европа.
Евроазиската унија е нов субјект на регионалната интеграција и има потенцијал да стане нов извор за производство на богатство, блага и нова економска сила, вели уште Алексис Ципрас.
Во својот говор Ципрас ги коментира е санкциите против Русија, наметнати од западниот свет, како “маѓепсан круг”, од кој треба да се вложат напори за да се излезе. Кризата во Украина отвори нова рана во срцето на Европа, рана на нестабилност, изјави грчкиот премиер.
“Маѓепсаниот круг на западните санкции треба да биде прекинат што е можно поскоро”, изјави уште Ципрас,и објаснува дека она што се случува во Украина е лош знак за меѓународните односи, бидејќи наместо процут и економски соработка во регионот започнаа процеси кои водат до војна , милитаризација и воведување на санкции.
