Ципрас: ММФ носи “криминална одговорност” за грчката должничка криза

од desk3
121 прегледи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) носи “криминална одговорност” за грчката должничка криза, соопштува АФП.

ципрас а

Премиерот го изјави ova пред својата парламентарна група само два дена по последниот неуспех на разговорите меѓу Атина и нејзините кредитори.

Во последниве месеци ММФ инсистираше за уште кратења во грчкиот пензиски систем и зголемување на ДДВ за некои основни стоки.

“Инсистирањето за кратења … најверојатно е дел од политички план … да се понижат сите луѓе кои страдаа во изминатите пет години без самите тие да имаат вина”, рече уште тој.

Според Ципрас веќе е дојдено времето во кое предлозите на ММФ ќе треба да бидат осудени од Европа.