Ципрас одби да го прифати мандатот за формирање нова влада

од Stefanija Kuzmanovska

Лидерот на опозициската левичарска Сириза, Алексис Ципрас, денеска на средба со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу одби да го прифати мандатот за формирање нова влада.

Тој рече дека одговорил на неговата институционална обврска да дојде и рече дека не го прифаќа мандатот, бидејќи не постои можност за формирање влада, јавува ТВ ЕРТ.

Сакеларопулу, од своја страна, посочи дека „Уставот јасно предвидува континуитет“ и изрази надеж дека „следните избори ќе дадат влада“.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија партија Нова демократија освои најмногу гласови на парламентарните избори во недела, изјави во понеделникот дека нема да формира коалициска влада и се надева дека ќе има нови избори на 25 јуни.

Слични содржини