Официјалните резултати покажуваат дека левичарската Сириза на поранешниот премиер Алексис Ципрас победи и на вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција.
Според обработените 99,44% од гласовите левичарската партија на Алексис Ципрас, СИРИЗА, добива 35,47%Десната опозициска партија “Нова демократија” има 28,09% поддршка, “Нова зора” 6,99%, ПАСОК 6,28%, Комунистичката партија 5,55%, партија “Тоа Потами” (Реката) 4 , 09%, “Независни Грци” 3,69% и Сојуз на центристите 3,43% од гласовите.
Со овие резултати СИРИЗА ќе резултат во парламентот 145 пратеници, “Нова демократија” – 75, “Нова зора” – 18, ПАСОК – 17, Комунистичката партија – 15, партија “Тоа Потами” – 15, “Независни Грци” 10 и Сојуз на центристите 9.Одѕивот на овие избори беше 56,55%, а невалидните ливчиња 2,42%.
Околу 9 милиони и 800 илјади грци со право на глас излегоа на изборите за нова влада која треба да го спроведе спасувачкиот пакет од три години што парламентот го одобри во минатиот месец. Тогаш оставка поднесе премиерот Ципрас кој побара вонредни избори по седуммесечните преговори со странските кредитори.