Ципрас закани: Кризата во Грција ќе влијае на цела Европа

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Кризата во случај на неуспех на преговорите за постигнување договор меѓу Грција и кредиторите , ќе влијае на цела Европа. Ова го изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, цитиран од РИА Новости.

20150606.ehypyylvif

Тој коментира дека во Европа има различни перспективи и не сите држави ги поддржуваат обидите за “венчавањето со Грција и грчката влада”.“Оваа битка влијае не само на Грција. Оваа битка влијае на сите нации во Европа и нејзината иднина. Оние кои мислат дека казнувањето на Грција ќе влијае само неа, грешат. Грешат и оние кои се обидуваат да се подели Европа “, истакнал  премиерот на Грција.