Неприкосновен лидер се САД со 56%.
Продажбата на 100-те најголеми производители на оружје во 2015 година достигна 370,7 милијарди долари, објави SIPRI (Меѓународениот институт за истражување на проблемите на мирот) во Стокхолм, соопшти CNN.
Испораките на американско оружје се намалуваат петта година по ред, но сепак САД остануваат неоспорно водечки лидер со 56,5% – намалувањето е резултат на ограничената домашна потрошувачка.
Во исто време руските и европски компании го зголемуваат својот дел на меѓународниот пазар.
Во последните две години Русија го зголеми извозот на вооружување – од 20% за 2013 година до 48% за 2014 година. Во 2015 година зголемувањето е само 6%, достигнувајќи над 8% на меѓународниот пазар на оружје. Во 2015 година во бруто извозот изнесеното оружје изнесува во вредност од 14,5 милијарди долари.
Франција ја зголеми продажбата за 12%, главно на сметка на големите зделки со Египет и Катар.
Следуваат Турција и Индија со 10% раст.
Германската воена индустрија го зголемила во 2015 година извозот за 7,4%.
Феноменален пробив направила Јужна Кореја со зголемена извозна активност од 38%.
Недостасува каква и да е информација за оружената индустрија на Кина.