Преминувајќи ги либанските планини една јануарска ноќ од студот умреле 17 мигранти од Сирија. Тригодишната Сара е една од неколкуте преживеани, пишува CNN.

Сара сега е во болница во Либан. На нејзиното чело има огромна црна краста, десниот образ е прекриен со газа, а околу глават завој.
„Сара не зборува. Не испушта звук. Нејзините кафеави очи лутаат по просторијата, љубопитно, можеби збунето. Нејзиниот татко Мишан ал Абед седи покрај неа, се обидува со мобилен телефон да и го одврати вниманието… На Сара никој уште не и кажал дека нејзината мајка Манал, нејзината 5-годишна сестра Хиба, нејзината баба, тетка и двајца други роднини умреле во планината“, пишува CNN.
„Понекогаш само вели дека сака да јаде. Тоа е се“, вели татко и.

Сара не го видела татко и две и пол години. Ја напуштил Сирија и отишол во Либан за да работи како моелр. Своето семејство го оставил зад себе. Парите ги праќал на сопругата и на децата, кои живееле во Абу Камал, град на сириско-ирачката граница.
Исламска држава го контролираше градот од 2014 година до ноември лани, кога си го вратија сириските сили. Во селата се уште се водат борби, каде живеело и семејството на Ал Абед.
Откако им била оштетена куќата, братот на Мишан неговото семејство, како и сопругата на Мишан со децата заминале за Дамаск. Платиле 4.000 долари за адвокат, за кој чуле дека има добра репутација и врски со војската, разузнавачите и криумчарите.
CNN наведува дека планот бил со приватно возило да стигант до границата. Во темницата по студот повеќето од нив го загубиле животот. Не е познато како Сара и неколкумина други преживеале.
„Вистинско чудо е што Сара е уште жива“, вели Антоин Кортас, лекар.
„Ми беше кажано дека војската уапсила луше кои се обидувале да влезат во Либан. Бев сигурн дека тоа се тие. Тогаш ми покажаа фотографија и ја идентификував сопругата“, вели Абед.
Повеќе од милион Сиријци се водат како бегалци во Либан. Либанските власти наводно ги пуштаат илегално да влезат во земјата, но одбиваат да изградат бегалски кампови.