За време на предизборната кампања пред претседателските избори во САД; најмалку една реклама на Facebook која ја платиле Русите се однесува на движењето „Црните живот значат“.

Тоа го пренесе CNN и наведува дека рекламата била насочена кон публиката во Фергусон и Балтимор, места кои беа центар на внимание поради случаите со убиени Афроамериканци од страна на полицијата, а по што се одржувани масовни, понекогаш и насилни протести.
„Одлуката со таква реклама да се таргетира таква публика ни дава вистински увид во тоа како налозите, кои ги контролира „руската фарма на тролови“ поврзана со официјална Москва, поттикнувале политички хаос во САД“, наведуваат неименувани извори.
Facebook претходно соопшти дека четвртина, од околу 3.000 реклами кои ги купила Агенцијата за истражување на интернет, биле географски таргетирани, но не се наведени поединости, ниту демографската или интересната група која директно е „гаѓана“ со рекламата.
„Рекламата „Црните живот значат“ се појави на Facebook кон крајот на 2015 година и почетокот на 2016 година. Изворот наведува дека со рекламата е поддржуван тој проект, но и дека може да има функција на заплашување на жителите на Балтимор и Фергусон. Целта на руските реклами е да се зајакне политичкиот хаос и да се долее масло на огнот, без промовирање на едниот или другиот кандидат“, додава CNN.
Агенцијата за истражување на интернетот во своите воени разузнавачки кругови опишана е како „државно финансирана организација која блогира и твитува во корист на Кремљ“.
„Рекламите се купени низ системот на Facebook, кој им дозволува на купувачите тие реклами да ги „гаѓаат“ корисниците селектирани според одредени критериуми, меѓу кои и географска локација, демографија итн.“, додава CNN.
Facebook наскоро на увид на конгресните истражувачи ќе предаде околу 3.000 политички реклами за кои постои сомнеж дека Русите ги купиле во текот и по претседателските избори.