
Во текот на вчерашниот ден светот ја обиколи веста дека телевизискиот канал Си-Ен-Ен по грешка половина час емитуваше порно филм, наместо кулинарска програма. Еден ден подоцна е откриена вистината, за снимката што не е емитувана, но целиот хаос го предизвикал трансексуалец порно ѕвездата Рајли Квин.
This screen shot tweet by @solikearose is hysterical. Gives Anthony Bourdain’s show #PartsUnknown a whole new meaning! #WellDoneRose pic.twitter.com/iQTUmtvife
— Jim Madsen (@madsenjim) November 25, 2016
Околу 23 часот, на Денот на благодарноста, Рајли Квин објави на своја слика на Твитер профилот со фотографија од ТВ-то од неговата дневна соба, на кое покажува дека се емитува порно филм во време кога, според распоредот на телевизијаta, на програмата треба да биде кулинарското шоу на познатиот готвач Ентони Бурдејна.
Рајли , всушност погрешно го пуштил својот филм, а го оставил титлот со програмската шема на која се гледа распоредот на програмата што ја покажува дистрибуцијата на емисијата на CNN (која мислела дека го пуштила). Како тoj не знаел што направил и како порно филмот се појавил на телевизија, одлучил да побара од другите клиенти од Бостон да видат дали е она што тој го направил.
– Јас објавив слика, бидејќи сакав да видам дали некој друг го имал овој проблем со програмата во Бостон или е грешка на мојот оператор – рече Рајли.
Одговорот од кабелскиот оператор наскоро пристигнл. Рајли бил единствениот кој објавил проблем. Операторот повторно помогнал да го постави TiVo систем на нејзиниот телевизор.
Сепак, објавувањето на Твитер брзо привлече многу внимание, бидејќи Рајли не беше доволно јасен во публикацијата, а твитерашите побрзаа да коментираат за наводниот скандал.
“Информацијата” ја презедоа медиумите и речиси сите ја објавија минатата ноќ, со образложение дека зад сето тоа стои грешка на локален кабел провајдер во Њу Џерси, кој е задолжен за сигналот на Си- Ен-Ен на источниот брег, и дека оваа грешка погодила “многу граѓани на Бостон,” некои дури и ја објавија бројката од 300.000.
Вистината ја откри Рајли, кој тврди дека не се сака за себеси да направи реклама на овој начин, и дека нејзината приказна целосно е точна.