Comedia dell Arte: Промоција на новиот филм на Филмофилска продукција

од Vladimir Zorba
117 прегледи

 

 

Comedia dell Arte е насловен првиот долгометражен аматерски филм на Филмолфилска продукција којшто ќе биде промовиран во недела (21 мај) во Кинотека на Македонија со почеток во 20 часот.

Во центарот на приказната е Сокуров – ексцентричен режисер кој сака да создаде филмско ремек дело, но наидува не тешка соработка со својот тим, а тука е и кармата…

Од продукцијата филмот го опишуваат како комедија со елементи на фантастика, и велат дека претставува своевиден трејдмарк на нивното творештво.

Comedia dell Arte е во режија и сцеарио на Владимир Најдовски, а улогите ги толкуваат Златко Поповски, Бојана Тосковска, Игор Јованов, Ива Парлапанов, Моника Спасева и Никола Виларов.

Филмофилска продукција зад себе има три краткометражни фиови – „Сенките на сонот“, „Иумидрум“ и “Фи“.