Црн чад над Скопје – гори депонија со отпад

од Nikola Popovski
39 прегледи

Црн чад и непријатен мирис се шири низ Скопје откако, според последните информации, гори дива депонија со отпад во близина на селото Визбегово. Граѓаните се жалат дека истата депонија гори по 100 пати во годината. Предупредуваат дека ова е еколошка катастрофа и бараат одговорност и апсење на лицата што го предизвикале пожарот.

Од Скопската противпожарна бригада информираат дека на терен се испратени четири противпожарни возила, кои заедно со две возила од ЈП „Комунална хигиена“ интервенираат за гаснење на пожарот.

Од Центарот за управување со кризи известија дека до 7 часот утрово изгаснати се 22, а активни се седум пожари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во контекст на сомневањата дека дел од пожарите се подметнати изјави дека пожарникарите кои учествувале во гаснењето на пожарот во Чучер Сандево на повеќе места нашле запалени палети и им мирисало на бензин.

Владата вчера донесе одлука за прогласување кризна состојба од 30 дена заради зголемената појава на пожари и за подобра координација на институциите.

Слични содржини