ЦРНИ БРОЈКИ: Синоќешниот масакр во Мејн е 565-то масовно пукање во САД во 2023 година

од Stefanija Kuzmanovska

Четириесетгодишниот Роберт Кард, кој наводно има историја на ментални болести, влегол во куглана и ресторан во градот Левистон, во сојузната држава Мејн, и започнал да пука во луѓето. Убил најмалку 22, а ранил меѓу 50 и 60 лица.

Ова е најлошото масовно пукање во САД во 2023 година. Вкупно 565-то во Соединетите Американски Држави во овие десет месеци и 31-во каде е извршено масовно убиство, објави сајтот Gun Violence Archive, кој собира податоци за престрелките во САД.

Што е масовно пукање?

Gun Violence Archive го дефинира масовното пукање како настан во кој најмалку четири лица се убиени/ранети, не вклучувајќи го напаѓачот.

Полицијата го опишува вооружениот напаѓач како овластен инструктор за огнено оружје и член на резервите на американската армија.

Најмасовното пукање во САД датира од 2017 година од Лас Вегас. Тогаш 64-годишниот Стивен Крег Педок отворил оган врз луѓето кои биле на фестивал во Вегас. Убил 60 луѓе.

Слични содржини