Црвенковски промовираше иницијатива: Пристап до европските фондови и заедничкиот пазар на ЕУ

од Nikola Popovski

Поранешниот шеф на државата и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски денеска предложи и промовира иницијатива, со која регионот треба да побара од Брисел пристап до заедничкиот пазар и европските фондови.

-Кои би биле бенефитите од прифаќањето и реализацијата на една ваква иницијатива? Земјите од регионот би ги подобриле своите економски перформанси, а со самото тоа би биле поподготвени за полноправно членство. Европската Унија би го зајакнала својот кредибилитет и влијание во регионот и би ги елиминирала сите опасности од неевропски и антиевропски влијанија. Нема што да загубиме, вели Црвенковски на амбасадорската дебата  „Северна Македонија помеѓу Отворен Балкан и Берлинскиот процес – можно ли е побрзо членство во ЕУ?“.

Тој порача дека ова е не е алтернатива на полноправно членство во ЕУ, туку како што вели, еден меѓучекор со кој земјите би ги подобрите економските перформанси, а ЕУ би го зајакнала своето влијание во регионот.

Црвенковски предложи две варијанти: eдната е да се искористи постојната Европска економска област, која како организација е основана во 1994 со договор помеѓу членките на ЕФТА и ЕУ, а втората е доколку ЕУ потпише нов договор со сите земји од Западен Балкан истовремено со кој би се овозможило учество на заедничкиот пазар и пристап до ЕУ фондовите.

Слични содржини