ЦУК: Активен пожар во општина Чашка

од Stefanija Kuzmanovska

Од 15:40 часот има активен пожар над село Мелница, во месноста викана Ливаѓе во општина Чашка, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од ЈП „Национални шуми“ – подружница Бабуна – Велес добиено е известување во кое се наведува дека пожарот е на непристапен терен.

„Можно е во текот на утрешниот ден да се побара и поддршка за гаснење на пожарот од воздух“, информира ЦУК.

Слични содржини