Центарот за управување со кризи излезе со најнови информации околу состојбата со пожарот во реон на армискиот полигон „Пепелиште“.Во моментов покрај силите кои гаснат од земја дејствува и еден полициски хеликоптер, а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер.
-Во моментов не постои директна опасност по населеноте места. Се работи за селата Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе но истите се користат како викенд населба поради што општината превентивно ги предупредува потенцијалните викендаши, соопштија од ЦУК.
Претходно од општина Неготино упатија апел до населението во селата Пештерница, Бела Вода, Калањево, Липа, Брусник и околните места да ги напуштат своите живеалишта. Општината побара мештаните да се засолнат на безбедно место во градот или околните села кои не се зафатени од пожарот поради опасноста од забрзано ширење на истиот.