📽 Цунамито од земјотресот во Русија стигна до Хаваи

Сите трговски пристаништа на Хаваи се затворени.

од desk2
54 прегледи Брегот на јапонскиот остров Хокаидо. Фотографија: Стоп-кадар од видео

Првиот бран од цунамито од земјотресот што се случи на полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен Исток, веќе стигна до илјадници километри оддалечениот американски архипелаг Хаваи, Највисокиот бран измерен од Пацифичкиот центар за предупредување за цунами е измерен во Халеива на хавајскиот остров Оаху. Неговиот гребен бил на 1,21 метри височина.

Сите трговски пристаништа на Хаваи се затворени.

Со магнитуда од 8,8 степени, земјотресот што се се случи во 11.25 часот по локално време на Камчатка, е еден од најсилните воопшто на Земјината топка. Тревога за цунами од различен степен е веќе прогласена насекаде низ Пацификот и на континенталните брегови што излегуваат на океанот – од Кина и Јапонија, преку Индонезија и Филипини, Микронезија и Полинезија, преку Хаваи до западните брегови на Северна и Јужна Америка.

На јапонскиот остров Хокаидо, најблискиот до епицентарот на земјотресот, веќе има удари на бранови, но засега нема пријави за штети.

Во Русија земјотресот цунамито до 4 метри височина, оштетија згради на рускиот Далечен Исток и повредија луѓе. Податоците за штетите и повредените се прибираат постојано.

Овој силен земјотрес и опасноста од цунами предизвикаа паника и евакуации на островите во Тихиот Океан и на бреговите на  континентите што излегуваат на Пацификот.

Не може точно да се прогнозира што ќе се случува насекаде низ Пацификот, оти, според американскиот експерт Харолд Тобин од Универзитетот на Вашингтон, потресите на бреговите имаат карактеристика енергијата да ја насочуваат кон океанот, а не толку кон копното.

На Хаваи евакуација – веќе има колони возила, предупредувања за цунами од Кина и Индонезија до Перу