Д-р Аголи: Од 230 тестови само едно дете е позитивно на ИГГ сите останати се негативни

од Берта Китинска
147 прегледи

Министеро за здравство Венко Филипче пред две надели најави дека по добиените податоци за тоа дека неколку дена по ред нема нови случаи на заразени од коронавирусот во општините Дебар и Центар Жупа се спроведува скрининг  за да се потврди  евентуално стекнатиот имунитет на теренот. Овој скрининг се спроведува преку матичните лекари.

-Ние спроведовме скрининг во Дебар и резултатите се разочарувачки,во мојата ординација од 230 тестови само едно дете е позитивно на ИГГ сите останати се негативни.Ваквата состојба е и кај другите матични лекари во подрачјето на општината што значи дека во Дебар нема колективен имунитет и можноста за нова зараза е евидентирана, вели Доктор Арбен Аголи, педијатар од Дебар .

Првиот човек на Здравствен дом Скопје. Д-р. Виктор Исјановски во изјава за Локлано.мк објасни дека за да  се прават епидемиолошки пасоши односно пасоши за минато заболување на лица кои се позитивни на Igg односно минато заболување.

Според него се уште кај нас не може да се направат пасош  за патување во странство затоа што уште немаме потврда на светско ниво.Еднаш преболеното заболување остава траен и долготраен имунитет , и второ дека Igg кое што би се напишало во пасошот врз основ на серолошко истражување во Македонија не се спроведува .

-Ова истражување може да се спроведе во Дебар затоа што таму поголем број од населението со сигурност ја има прележано болеста.Во Дебра може да направивме една комплетна изолација со карантин и со полициски надзор и во кој што град на краток временски период може да се направат поголем број на тестови, вели д-р. Исјановски.

Б.М

 

Слични содржини