Зголемен е бројот на повици на телефонскиот број 193, со оглед на топлото време, но од друга страна и постојаниот раст на позитивни на Ковид 19, ни го зголемува обемот на работа, вели за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, доктор Маргарета Атанасовска-Трипуновска, шеф на смена во Итната медицунска помош (ИМП).
-Имаме секојдневно од 15-20 пациенти позитивни на Ковид 19 во смена, исто така е зголемен и бројот на колапси. Сакам да нагласам дека нашата служба во оваа пандемија има улога на транспортер. Тие со симптоми кои не се тестирани, ги носиме во 8 Септември, тие кои се тестирани и се Ковид позитивни, се носат на Инфективна клиника. Организирано работиме и ги задоволуваме потребите на сите граѓани, вели др. Атанасовска-Трипуновска.
Таа објаснува дека за итноста на состојбата одлучуваат искусни лекари, кои се јавуваат на телефон.
– На телефон се јавуваат искусни лекари кои одлучуваат за итноста на состојбата, без разлика на дијагнозата. Ако е животозагрозувачка состоја, не може да се чека. Состојбата со Ковид 19 често не бара итна интервенција, додека мора брзо да реагираме во случај на инфаркт, сообраќајна несреќа или физичка повреда, вели др. Атанасовска-Трипуновска.