Д-р Балевски: Здравствените работници одлично се справуваат со Ковид-19

од Берта Китинска
368 прегледи

Доктор Игор Балевски е шеф е на тимот за интервентна кардиологија во Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од Европска унија. Toј во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Балевски изјави дека Словенија добро минува низ кризата.

-Докторите дотатно се едуцираат и исто како и Македонија ја легнаа линијата на заразени. Имаше една студија дека 70% е намален бројот на инфаркти. Генерално луѓето се исплашени од Ковид-19, но вистина е дека е намален бројот, но морам да кажам и дека многу пациенти кои доаѓаа беа со закаснети инфаркти. Кога бевме во фаза 5 ние ги работевме најитните случаи. Во фаза 4 ги лекувавме и луѓето кои што можеа да почекаат, вели кардиологот д-р Балевски.

Слични содржини