Актуелно
Почетна / Македонија / Д-р Беќаровски: Бројките на заразените докажаа дека е обратно пропорционален со бројот на граѓани кои ги почитуваат мерките

Д-р Беќаровски: Бројките на заразените докажаа дека е обратно пропорционален со бројот на граѓани кои ги почитуваат мерките

Почитувани мои колеги, др.Бујар ОСМАНИ, др.Арбен ТАРАВАРИ и др.Зијадин СЕЛА !!!!Како политички најекспонирани доктори од албанските партии, најколегијално Ве замолувам уште утре да свикате заедничка прес конференција, на која јавно со Вашиот лекарски и политички легитимитет ќе ги повикате нашите сограѓани од Чаир, Сарај, Арачиново, Липково, Студеничани, Лабуништа итн да се придржуваат кон сите препораки, пишува во својот Фејсбук статус доктор Нико Беќаровски.

Тој во својот статус вели дека бројките во последниве денови покажале дека бројот на новозаразени е обратно пропорционален со бројот на граѓани кои ги почитуваат мерките.

-ВИЕ, почитувани мои колеги, можете, а во ситуацијава и морате, ЗАЕДНО СПЛОТЕНИ, да го упатите тој повик. Како доктори сме дале заклетва да се грижиме за секој човечки живот, а овие денови наши сограѓани ја губат оваа најважна животна битка.Секој живот е драгоцен и затоа уште еднаш Ве замолувам, заеднички повикајте на КОЛЕКТИВНА И ИНДИВИДУАЛНА ОДГОВОРНОСТ.Истиот апел го упатувам и до мојот драг колега др.Игор Гила НИКОЛОВ, да излезе на ЗАЕДНИЧКА прес конференција со др.Венко ФИЛИПЧЕ, пишува Беќаровски.

loading...