Д-р Беќаровски: Различните рендген снимки, покажуваат дека Ковид 19 мутира

од Берта Китинска
289 прегледи

Различните рендген снимки на заразените со ковид 19 во март и април и сега, според доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија укажува на мутирањето на вирусот, а досега вели се докажани две мутации – шпанската и данската.

Можеби Ковид 19 по малку губи од својата моќ, но како што предупредува токсикологот тоа не значи дека треба да се опуштиме.

-За жал голем дел од пациенти кои доаѓаат се со тешка клиничка слика имаа ниска сатурација.На сегашните рендген снимки  приметуваме  малку поинакви наоди. Ако порано имавме стакло слика на белите дробови целата зафатена, сега има некакви подуфузно. Би рекол малку поблага, очигледно дека вирусот стана повирулентен и позаразен па неговата моќ во делот на предизвикување на комликациите е по малку намалена, вели Беќаровски, во изјава за Сител.