Не велам дека е дезинформација изјавата на Трамп како претседател на држава, сигурно е базирана на стручна фела која стои позади него. Јас и на моите пациенти им апелирам да што помалку внесуваат лекови ако не требаат, вели д-р Лидија Чолакова-Дервишова за тврдењата од САД дека употребата на парацетамол за време на бременоста може да биде поврзана со „многу зголемен ризик од аутизам“.
Таа во разговор за „Локално“ вели дека „дури и во самиот лек да прочитате ќе видите дека парацетамолот е хепатотоксичен и невротоксичен и имаме пациенти кои што многу долго го користеле, а кои што дури прави малигнитет на црниот дроб“.
-Праксата и искуството од преку 30 години покажуваат друго. На времето порано луѓето и децата кога имале температура, бабите ги триеле со ракија, ги масирале, топли чаеви…Многу поретко се користеле хемиски лекови, истакнува, меѓу другото, Чолакова Дервишова.