Д-р Даниловски повторно со критики: Некои колеги јавно тврдат дека имаме протоколи за лекување на Ковид-19

од Nikola Popovski

Проф. д-р Драган Даниловски во колумна повторно ги критикува Лекарската комора и надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија.

-Продолжува молкот по повикот на Лекарската комора на Македонија (ЛКМ) од 25 август до стручните здруженија! (1)

И повторно прашувам: Зошто ЛКМ само констатираше дека не постојат „национални протоколи“ и повикува „надлежните институции, стручните комисии и лекарските здруженија“ да споделат само „стручни ставови за сите отворени прашања и дилеми“, а не инсистира да се изготват национални протоколи?

Или попрецизно, зошто не повика на почитување на законот? Од кај па сега закон!? Да, закон – зашто, член 27, став (1) од Законот за здравствена заштита (ЗЗЗ) (2) е дециден:

„Здравствената дејност во здравствените установи од страна на здравствените работници и здравствените соработници задолжително се врши согласно со стручни упатства за медицина заснована на докази кои согласно со современата светска медицинска практика, ги утврдува министерот за здравство“, вели Даниловски.

Според него, „некои колеги тврдат јавно дека протоколи за лекување на ковид имаме“.

-Какви се тие протоколи (или упатства, сеедно)? Ако постојат, зошто не се објавени јавно? Дали во нив – покрај другото – пишува дека антибиотиците се столб на анти-ковид терапијата? Ако пишува, искинете ги веднаш! Зошто? Затоа што во ниту едно-единствено упатство во било која држава во светот, како и она на Светската здравствена организација и Националните институти за здравје во САД, антибиотиците не се спомнуваат – освен во случај на појава на бактериска пневмонија!, вели меѓу другото д-р Даниловски.

Целата колумна можете да ја прочитате на следниот линк.

Слични содржини