Д-р Докиќ: Лицата што прележале делта сој не се целосно заштитени против омикрон

од Nikola Popovski
301 прегледи

Проф. д-р Дејан Докиќ од Клиниката за пулмологија информира дека симптомите на омикрон е променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија. Според него, кашлицата се должи најверојатно на оштетувања на епителот на горните дишни патишта, при што сензорните нервни влакна остануваат оголени и подложни на разни надворешни фактори.

Според докторот, коронавирусот ќе остане, но засега овој сој би требало да биде полесен и да го надвладее потешкиот делта сој.

-Пациентите кои што ќе прележат омикрон создаваат антитела кои што ги штитат од делта сојот, меѓутоа оние што прележале претходно делта сој, не се целосно заштитени, туку само делумно против омикрон, потенцира д-р Докиќ во разговор за ТВ Канал 5.

Слични содржини