Д-р Докиќ објасни зошто кај нас има голема смртност од Ковид-19

од Nikola Popovski

Директорот на пулмологија, д-р Дејан Докиќ, во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, истакна зошто кај нас имаме толку голема смртност како резултат на тешки компликации со Ковид-19 и зошто вчерашниот ден беше најлош од почетокот на пандемијата, ако ги земеме во предвид починатите лица.

„Сите знаеме дека доминира мутираниот британски вид, кој е повеќе агресивен и тоа е фактор што се должи на самиот вирус. Тој на пример, кај пациентите што се заразени во поголема количина се наоѓа во секретот кога киваат во околината, а од друга страна потребна е помала количина да дојде кај здрав човек, за да го зарази. Значи тоа се особините, а некои од луѓето имаат поголема способност да го излажат имунолошкиот систем. Исто така, фактор е и одбранбениот систем, кој е како една армија што се бори против надворешните непријатели кај секој организам. Како што некаде имате силни армии во земјите, во други држави имате слаби армии и тоа е исто и со организмите. Возраста е исто така отежнувачки фактор, како и коморбидитетите. Овде сакам да потенцирам дека смртноста во ковид-центрите на интерните клиники е 25 проценти и тука зборуваме за хоспитални установи. Во европски рамки тоа значи од 22 до 30%, што значи дека сме негде на средина во однос на другите земји. Сепак главен фактор е имуниот систем кај лицата кои се заразуваат“, изјави Докиќ.

Слични содржини