Неврохирургот Д-р Венко Филипче вчера пред младите прилепчани ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ. Преку клучните политики, Филипче рече дека ќе се обезбеди подобрување на образовниот процес и обезбеди понуда за конкурентни вработувања.
„Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади” која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче. Мерката гаранација за млади во првиот мандат на СДСМ даде многу добри резултати и затоа сега значително се проширува опфатот.
Филипче истакна дека СДСМ сака да обезбеди сигурност, но и мотивација младите да бараат работа дома. Затоа финансиски ќе ги поддржи младите во првите 12 месеци од нивното вработување. „Ќе ви обезбедиме стабилност и сигурност, тоа е нашата цел. Затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години“, додаде Филипче.
Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.
„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.