Д-р Гњатовиќ: Двојниот мутант звучи застрашувачки, но всушност…

од Stefanija Kuzmanovska
377 прегледи

Двојниот мутант звучи застрашувачки, но промените кои ги има се многу слични на бразилскиот вид. Не е потврдено дека предизвикува посериозна клиничка слика, ниту колку е ефикасна вакцината против овој вид, пренесе „Б92“.

Д-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија во Србија напоменува дека доколку овој вид е позаразен и бидат заразени поголем број луѓе, бројот на пациенти со потешка клиничка слика може да се зголеми, имајќи ги предвид нивните хронични болести.

„Двојниот мутант звучи застрашувачки, но всушност промените се слични на бразилскиот вид. Се случија двојни промени на протеинот S, еднара беше видена кај бразилскиот сој, а другата кај калифорнискиот“, рече Гњатовиќ.

Како што изјави таа, сè уште не постои научен труд кој потврдува дека овој вид на вирусот предизвикува посериозна клиничка слика, но дури и доколку вистинскиот проблем е што се шири побрзо, сигурно ќе има поголем број хоспитализации и сериозни случаи.

На прашањето за ефикасноста на вакцините, таа рече дека не е познато, но дека е сигурно дека колку е поголем бројот на промени во S протеинот, толку е помала шансата вакцините да делуваат 100 проценти.

„Секако, вакцината и заштитата обезбедена од природната инфекција ќе обезбедат одредено ниво на заштита. Како и бразилскиот, и индискиот вид предизвикува голем број на реинфекции во областа каде што е присутен. Ако се заразат поголем број луѓе, ќе има и поголем број со клинички слики“, изјави Гњатовиќ.

Слични содржини