
Српскиот имунолог Срѓа Јанковиќ, зборувајќи за новите мерки на заштита од коронавирус, изјави дека иако индивидуалната маска не штити 100 проценти, ако сите ја носиме, тогаш колективната заштита достигнува многу високо ниво, дури и до 99 проценти.
„Во моментов епидемијата не се движи на подобро, треба да го имаме предвид тоа. Ако сите носиме маска, ако сите избегнуваме контакти и задржуваме растојание, секако со миење на рацете, тогаш се надеваме дека во следните неколку дена ќе можеме да видиме дека сме поминале низ најлошото“, вели Јанковиќ за Н1.
Според него, ситуацијата очигледно сè уште не се смирува.
„Сè уште го немаме долгоочекуваниот врв, по што би можеле да очекуваме да престане епидемијата. Бројките не покажуваат експоненцијален раст, потенцијал за тоа постои, не смееме да се залажуваме дека нешто се менува на подобро, а дека може да биде полошо, тоа е евидентно од бројките“, вели тој.
Тој посочува дека е недвосмислено потврдено дека маската, иако не штити 100 проценти индивидуално, дека ако сите ја носиме, тогаш колективната заштита достигнува многу високо ниво, дури и до 99 проценти.
„За жал, ниту еден агенс за зајакнување на имунитетот не обезбедува специфична заштита од Ковид 19. Луѓето кои имаат некаква предиспозиција, што не можеме да го знаеме однапред, добиваат потешка клиничка слика. Колку поздраво ќе живееме, толку ќе биде поголема нашата еластичност, но дури и човек без фактор на ризик може да ја има таа скриена Ахилова петица“, рече Јанковиќ.