Докторот и сега веќе разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, Сашко Јовев синоќа информира дека има уште разрешни 20 директори на клиники кои се дел од македонското здравство.
-Ми кажа дека не сум само јас разрешен, 20 директори биле разрешени, јас не знаев и немав време да видам, и дека вакви стручни надзори се праќани кај сите директори и дека вакво образложение има и кај други, не само кај мене, вели Јовев за средбата со министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Како што вчера изјави во гостувањето на емисијата „Клик плус“, разрешени се директорите на Неврологија, Токсикологија, Нефрологија, Педијатрија, Психијатрија, но дека ги има повеќе.
На прашање дали истите се со цел поставување на еден генерален директор, д-р Јовев вели „Можеби, но така сите одеднаш треба да се разрешат, а не еден по еден“.
Тој не даде прецизен одговор дали ја одбил понудата на министер за советник во Кабинетот, но истакна дека му одговорил дека припаѓа на клиниката која ја создал.
-Бев во стрес и првпат земав боледување во 35 години. Ме погоди разрешувањето. Сметам дека моето место е да останам таму и да бидам лидер на клиниката уште извесен период. , порача Јовев.