Д-р Лазароска: Една од најважните работи е денот кога нашите излекувани пациенти се враќаат во дома

од Берта Китинска
192 прегледи

Докорот Соња Лазароска, специјализантка на Клиниката за уво, нос и грло упати порака до граѓаните во која вели дека заедничи сите мора да покажеме одговорност за претстојните празници.

„Една од најважните работи по непреспиените ноќи и жртвувања целиот овој изминат период е денот кога нашите излекувани пациенти се враќаат во своите домови, меѓу најблиските. Оваа пандемија нé обедини сите, во грижата и солидарноста и во пронаоѓањето на вакцината, која е надеж за целото човештво. Знам дека на сите целата ситуација ни е макотрпна и стресна, но во пресрет на празниците да ја покажеме нашата одговорност. Да ги почитуваме мерките за заштита и да не се групираме,вели Лазароска.