Советникот за моторспорт на Формула 1 тимот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, ја прокоментира иднината на поранешната ѕвезда на „биковите“, Себастијан Фетел, кој моментално се трка за тимот на Астон Мартин.
Од почетокот на престојот во тимот од минатата година, четирикратниот шампион не ги постигна посакуваните резултати, а според Марко тоа може да доведе до негово повлекување од спортот.
„Развојот на болидот од страна на тимот ќе игра многу важна улога. Ќе има релативно силен пакет доколку Астон Мартин го копира она што го имаме под хаубата“, посочи Марко, осврнувајќи се на големите сличности помеѓу RB18 и AMR22. „Ако го има тоа, тогаш ќе продолжи“, заклучи Австриецот.
Во последните три тркачки викенди во Формула 1, Фетел не успеа да се квалификува во втората фаза од квалификациите. На влажните патеки во Канада и Велика Британија заврши на 17. односно 18. место.