293
Проф. д-р инфектолог и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски во вечерашното гостување „Што не е јасно“ на ТВ Алфа, изјави дека вакцината против Ковид 19 не треба да биде задолжителна.
-Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе, изјави Марковски.