Д-р Мехмедовиќ: Новиот сој на коронавирус не предизвикува тешки заболувања

од Nikola Popovski
435 прегледи

Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ тврди дека коронавирусот што сега се јавува во новите форми, не предизвикува тешки заболувања. Информира дека вирусот не ги полни болниците како во минатото и дека многу помалку гледаме луѓе кои што завршуваат на кислородна поддршка.

Според него, се работи за вирусно заболување за кое што уште пред една година најавија дека ќе премине од пандемиско во ендемско заболување и дека со него ќе живееме во наредниот период.

-Тоа е вирус кој што ќе наликува на сите останати периодични вируси кои што ги имаме во нашата околина како вирусот на грипот, посочи Мехмедовиќ во емисијата „Студио 10“.

Светската здравствена организација (СЗО) претходно изјави дека сојот ЕГ.5 не претставува голема закана за јавното здравје и дека нема докази дека предизвикува потешка болест во споредба со другите видови кои моментално циркулираат.

Според СЗО, Ерис првпат бил регистриран во февруари 2023 година, а оттогаш бројот на заразени со оваа подваријанта постојано расте.

Слични содржини