Д-р Мојсова: Не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс, ВИЕ ги турнавте во колапс

од Vladimir Zorba
301 прегледи

Од март месец знаевме, се спремавме со чемер и јад во душата. Го гледавме италијанското сцрнарио и да се секиравме за нас, ама и за вас драги мои, пишува на својотФБ профил анестезиологот Маја Мојсова, раководител на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ.

„За овие 4 месеци секојдневно се прави прераспределба на здравствен персонал. КАРИЛ беше и е сегде. Вкупно 40 доктори и сестри помагаа и на Инфективната клиника и во 8 септември. Секој ден е посебна приказна. Пациентите со Ковид се секаде, не само во овие две болници. Тие доаѓаат да се опреираат, тие прават сообраќајка, имале акутна состојба во стомакот и безброј други болести кои не се ковид…. скршиле рака, нога, кичма…. и да дали знаете многумина од нив се позитивни. И тие пациенти лежат по клиниките. Некогаш се толку итни што не ни размислуваме за тоа дали се позитивни или негативни, не чекаме брисеви за да спасиме живот. Некогаш се пациентите негативни и се оперираат, па стануваат позитивни бидејќи биле во инкубација, па развиваат клиничка слика подоцна… судбини секакви. И, да драги мои работиме, претпазливо и тивко. И да, секој мора да се третира како позитивен зошто ако се преброиме малку останавме.

Слушам се жалите, гледам плукање по здравствен персонал. Се жалат пациенти дека не биле опреирани и нормално тука и тука новинарите гледаат добра приказна, нов скандал. Не, не драги мои никој никого не жртвува и не е во колапс здравствениот систем, здравствените работници се во колапс. И ВИЕ ги турнавте во колапс. Баш ВИЕ. Секој ден е нова прераспределба, нова секирација, нови бројки кои не се само бројки за оние кои ги лекуваат, а секако и за тие кои ги изгубиле. Имаме апарати, имаме опрема и не ни требаат експерти од странство, ни треба физичка работна снага на обучени професионалци. Заглавивте со нас, но уште пострашно е дека ние заглавивме со вас. Да, жалам ќе чекате, може и да не колнете, плукате ама едноставно толку сме и тие сме. Бидете среќни што не имате. И, да да не заборавам кога ќе се разболи здравствен работник повлекува минимум 5-6 кои одат во изолација. Ми треба многу простор и време да ви опишам како изгледа еден ден.. Само еден ден. И да да не заборавиме и ние сме само луѓе.

Па би ве замолила да престанете со препукувања и политички флоскули и да помогнете ако можете со вашата свест и совест колку што ја имате зошто очигледно ВИЕ не го почитувате здравствениот систем., ВИЕ го жртвувавте здравствениот систем.

И да драги мои здравствени работници, да се надеваме дека за нас ќе има место барем во шаторите“, додава Мојсова.

Слични содржини