Д-р Мојсова: Вирусот не се лекува со антибиотици, кај многу млади видовме многу масти и висок крвен притисок

од Nikola Popovski
854 прегледи

Кога почна пандемијата, по порталите и медиумите беше објавувано дека сумамедот помага во лечењето од коронавирусот. Вирусот не се лекува со антибиотици. За него немаме конкретна терапија, вели д-р Маја Мојсова, од консултативното тело на министерот за здравство за справување со ковид-кризата.

Според неа, во зависност од хронологијата на пациентите, многу лежење доведува до пневмонија и овозможува да се накамлени бактериска инфекција.

-Нема специјален лек за коронаата. Начинот на исхрана и живеење има проекција во здравствената култура на граѓаните. Кај многу млади видовме многу масти и висок крвен притисок. Правилата кај болеста не важат, потенцира Мојсова во гостувањето на дневникот на ТВ Сител, посочувајќи пример со 40-годишна пациентка која била извадена од респиратор и пратена на домашно лекување,а понатаму доживеала мозочен удар.

-Вакцинираните поминуваат со полесна клиничка слика, заклучува д-р Мојсова.

Слични содржини