510
Професор д-р Бранимир Несторовиќ оцени дека употребата на пробиотици пред вакцинацијата против коронавирусот може значително да го зајакне имунитетот.
Имено, познатиот детски плумолог за „Телеграф“ изјави дека пожелно е да се земаат пробиотици најмалку две недели пред вакцинацијата за да бидат ефективни и ефикасни.
– Пробиотиците се стимулатори на имунитетот, и тоа се покажа за многу вакцини, но тие мора да се земаат најмалку две или три недели пред тоа, со цел да се зајакне имунолошкиот одговор – рече професорот.
Тој исто така изјави дека е потребно да ги земате неколку недели пред да ја примите вакцината, а не само еден или два дена пред тоа, како и да продолжите да го употребувате две недели по вакцинирањето.