
Српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ изјави дека се обидел да влијае врз луѓето да не се плашат затоа што имало претерувања во медиумите во врска со „Ковид 19“.
Несторовиќ изјави за ТВ Прва дека цело време ги следел светските вести и медицинските извештаи и дека забележал дека медиумите претеруваат.
„Кога го гледате медицинскиот дел од вестите, не е страшно, а новинарството беше страшно“, рече тој.
Како што рече, имало повремени претерувања во медиумите и на социјалните мрежи во врска со стравот од коронавирус.
„Италијанското сценарио не можеше да се случи кај нас, но можевме да имаме десет пати повеќе мртви“, објасни тој.
Несторовиќ потсети дека веќе 40 години се занимава со пулмологија и знае дека респираторните вируси не можат да бидат толку смртоносни.
Говорејќи за хлорокин и американскиот претседател Доналд Трамп, кој го земал лекот самостојно, тој рече дека не се препорачува.
„Превентивно се зема лекот, се зема секој понеделник. Не го препорачавме, затоа што може да влијае на срцето“, објасни Несторовиќ, додавајќи дека употребата на тој лек како превентивна мерка е лоша, и дека имало труења во САД.
Тој рече дека лекарите во светот се поврзани политички и дека тоа ќе остави грда слика на пандемијата од коронавирус.
„Таму каде гувернерите се демократи, имаше затворени држави. Имаше многу политика насекаде“, рече тој.
Д-р Несторовиќ рече дека правењето вакцина против коронавирус оди лошо и дека онаа што ја правела компанијата на Бил Гејтс е „многу лоша“ и тој не би ја примил.
„Од 15 кои ги примиле, 3 имаат сериозни ефекти, само 8 имаат антитела. Внимавајте, тоа е 20 проценти“, рече тој.
Тој додаде дека се работи на вакцина која ја менува РНК, обидувајќи се да ја сменат генетиката така што во иднина би биле отпорни на Ковид 19, но тоа, според него, е тешко затоа што секој вирус мутира.
Според него, на крајот на јануари, Грците изјавиле дека ковид 19 има вештачки вметнати ефекти, што го потврдиле и други лекари ширум светот.
„Тогаш излезе Монтање, тој е нобеловец од Франција. Минатата недела се појави австралиски труд кој покажа дека вирусот се врзува најлесно на човечките клетки, а не на глувци. Тогаш би требало да се врзува најмногу за лилјаците, а не за нас“, рече Несторовиќ.
Тој рече дека не верува дека некогаш ќе откриеме кој стои зад тоа, иако биолошкото оружје е забрането, Несторовиќ тврди дека тие се уште се прават.
Пулмологот рече дека не знае од каде потекнува вирусот во Србија и дека оние што дошле од Италија имаат најтешка форма на Ковид 19.
Тој изјави дека во Кина има тип „А“, во Италија тип „Ц“ КОВИД-19, а за САД рече дека „никој жив не знае каков вид има“.