Д-р Нико Беќаровски на фб: Тажна македонска математика

од desk4

 

Во својот најнов фејбук статус Д-р Нико Беќаровски алармира на фактот дека бројот на починати во Македонија од Ковид-19 надмина 6437.
– Ако оваа бројка не ви изгледа срашно, замикслете само за една и пол година да ни ги снема Крушево и Вевчани.
Премногу болно, премногу тажно. А дали можеше да биде помалку тажно ?? вели тој.
Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и Министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетот, дебелината, хипертензијата итн.
Дали можеше оваа црна бројка да е барем сива ???
ДА, СЕКАКО !!!, прашува тој.
Беќаровски коментира дека навремената вакцинација можеше да го намали смртниот исход со кој се соочуваме на ниво на држава:
Во Македонија од почетокот на јули вакцинацијата е слободна, без никакви термини и секој може да се вакцинира.
Во периодот од 10-ти август околу 1000 наши невакцинирани граѓани починаа од Ковид-19, а можеа ако сакаа да бидат комплетно вакцинирани.
Сите досега објавени студии укажуваат дека ризикот од смртен исход кај вакцинираните е најмалку 11 пати помал.
Место 1000 нови гробови и расплачени семејства, тој број ќе беше помал од 90.
Вчера починаа 42. наши граѓани, а не мораа, само МАЛКУ ДА И ВЕРУВАА НА НАУКАТА заклучува тој во својот најнов статус на фејсбук додавајќи
А можете ли само да замислите колку поубав и посончев ќе беше овој септемвриски ден, да бевме свесни како Данците и да имавме 81% вакцинирани, а не тврдоглави Балканци со само 37% вакцинирани.

Слични содржини