Д-р Олумчев: Крајот со пандемијата се наѕира, тоа е знак дека нашата популација стекнала имунитет

од Берта Китинска
308 прегледи

Самите бројки кажуваат дека нешто се случува не само кај нас и во светото, крајот се наѕира што е знак дека нашата популација стекнала имунитет, вели д-р Сашко Олумчев, епидемиолог во Студио 10 на ТВ24.

Тој вели дека би било добро да се почека уште два месеца за да се види како ние , но и вирусот ќе се однесува.

-Епидемиолошки сценарија се две, ако е прикриен вирусот може да се појави бран по одморите, но се надевам дека нема да биде така, се надевам дека Ковид 19 ќе влезе во сезонски болести како грипот. Понатаму очекуваме појава и на други вируси, брзиит трансфер на патници ја носи таа опасност, вели епидемиологот.

Тој смета дека вакцинацијата се одвива одлично за мала земја како нашата.

-Ако стекнеме имунитет до Нова година тоа би било одлично. Базичниот иднекс на заразени падна по 1, логично е мерките да се олабават. Време е да се олабават мерките. Ако по 20 дена се појави покачување на бројките, тогаш тоа ќе е индикатор дека го немаме имунитетот, вели Олумчев.

Слични содржини