Д-р Пановски за зголемувањето на заразени: Се почна кога се замешаа религиските групи и велеа дека Господ ќе не чува

од Aleksandar Petrovski

Микробиологот д-р Никола Пановски во гостување на „Само Вистина“, истакна дека новите бројки на заразени се уште немаат врска со олабавување на мерките и допрва ќе се рефлектира нивното непочитување од луѓето.

-Нови бројки се уште немаат врска со олабавување на мерките туку се случаи кога беа рестриктивните мерки, бидејќи од олабавување имаме само три дена, случаи најчесто се јавуваат по седум дена.
Ова што се случува сега е последица на тоа што не се почитува мерките што беа кажани од комисијата за заразни болести и владата и второ не се казнуваа луѓето што не ги почитуваа. Оној полициски час од 11 часот во неделата беше кокетирање, може министерот да кажува што сака.

Се почна кога почнаа да се мешаат религиските групи да се јавуваат и да велат дека Господ ќе не чува, тоа беше литијата во Струга, лажичето за Велигден и веднаш следеше одговор од другата страна, вистински предизборен натпревар, изјави Пановски.

Слични содржини