Д-р Петличковски: Антителата кај луѓето со прележан ковид може да се задржат и до една година

од Берта Китинска
282 прегледи

Бројот на лица со детектибилни антитела е значително зголемен. Ако на почетокот на епидемијата во март и април имавме 4 проценти позитивни лица, значи од 100 луѓе,  4 лица ќе најдевме со по 5 антитела, сега сме стигнат на бројка помеѓу 60 до 70 проценти, вели д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во емисијата „Магазин“

Тој вели дека луѓето кои доаѓаат во институтот имаат потврда дека ја прележале  болеста

-Значи имам над 40 антитела кај луѓето и се одразува на бројките на дневна основа односи како поминува времето сега знаеме дека антителата и имунитетот трае долго ако предходно имавме до 7 месеци сега тој трае и подолго од 9 месеци. Што покажува дека имунитетот по прележан ковид трае подолго. Антителата се одлична мерка кои потврдуваат дека имунитетот е тука, но не е грешно да се каже дека оние кои ја прележале болеста немаат антитела исто така имаат имунитет, вели Петличковски.

Слични содржини