Д-р Петличковски: Имаме посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини

од Nikola Popovski
342 прегледи

Влегуваме во помирен дел од пандемијата. Не верувам дека е зад нас, но мислам дека имаме неколку стабилни и мирни месеци пред нас. Од септември ќе имаме планови како ќе постапуваме, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски во емисијата „Топ тема“.

Петличковски вели дека насекаде во светот фокусот се преместува кон бројот на сериозни случаи, број на хоспитализации и оптеретеност на здравствениот систем.

-Иако има високи бројки, оптеретувањето на нивните здравствени системи е мало. Благодарени на голем број на прележани луѓе, ние имаме малку посвеж имунитет од оној што западните земји го создаваа со вакцини. Мислам дека сме во безбедна зона сега и ќе останеме неколку месеци. И ние ќе бидеме внимателни и ќе се спремиме за нов бран. Ги зајакнуваме капацитетите за лекување и ги организираме сместувачките капацитет. Сега е време за колегите да одморат, бидејќи две години беа без слободни денови, кажа д-р Петличковски.

Слични содржини