Д-р Петличковски: Имаме солидно ниво на колективен имунитет, нема потреба од нови мерки

од Nikola Popovski

Ние на сите состаноци ја дискутираме потребата од нови мерки или укинување на постоечките. На последниот состанок заклучивме дека последните препораки за носење маски и избегнување гужви се точни димензионирани за нашата ситуација. Во нашата денешната ситуција со околу 170 хоспитализирани со Ковид-19 во болниците, од кои 20 во Инфективната клиника и ниту еден со тешка клиничка слика, сметаме дека нема потреба од воведување неопходни нови рестриктивни мерки и тие треба да ги чуваме за повеќе потребна состојба, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

Според него, се чини дека се приближуваме до пикот на овој ковид-бран кој ќе трае неколку недели.

-После тоа се очекува бројот на инфицирани да се намалува. Ќе ги видиме и бројките од неделава, но се чини дека го достигнуваме плафонот. Во врска со колективниот имунитет, ние имаме остварено солидно ниво, како и цел свет. Тоа не може да гарантира неинфицирање. Некои повеќе пати прележале, 50% од населението од вакцинирани. Лицата со хибриден-комбиниран имунитет се најзаштитени од нови инфекции и тешко заболување и затоа нема голем притисок врз здравствените установи, информира д-р Петличковски во емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини