548
Трета доза штити од хоспитализации и тоа се најпроверените и најважните научни факти кои мора на секој од нас да му се јасни, рече претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.
Тој информира дека граѓаните не треба да им веруваат на разно разни дебати на нестручни шарлатани.
-Такви луѓе ги ставаат во прашање овие податоци. Податоците се најсилни. Вакцинацијата со третата доза е најдобра заштита од тежок тек на болеста и од смрт и тоа е препорака од нашата Комисија за заразни болести. Младите се многу полабави по ова прашање и треба да размислат за третата доза, појаснува д-р Петличковски.