На социјалните мрежи има многу информации кои се поврзани за вирусот, а се напишани од некомпетентни лица, а луѓето им веруваат. Не може асимптоматски случај да пие антибиотик. Потребно е да има протокол и за матичните лекари за да се лечат позтивни лица со ковид, вели доктор Владимир Ристовски, кардиолог-интернист од „8 Септември“ во Студио 10 на ТВ24.
Тој напомена дека вирусот е чудовиште кое за два дена може да ја смени клиничката слика.
„Пикот е достигнат, најтешките болни од цела држава се хоспитализираат во „8 Септември“.Има и пациенти кои само што се хоспитализираат, починуваат. Ковид 19 е чудовиште затоа што за 2 дена комплетно може да се промени клиничката слика, многу брзо напредува болеста, глад за воздух за неколку часа. Секоја човечка судбина е тешка, психолошкиот момент е многу важен. Секој ден по 4,5 смртни случаи имаме, вели д-р Ристовски.